Најдобра храна пред спиење со која нема да имате проблем со килограмите

Нутриционистите посочуваат дека не треба да јадеме по 18:00 часот. Но, често, имаме голема желба за јадење особено пред спиење и не можеме против тоа.

Тоа е особено чест случај кај оние кои одат на спиење подоцна, па така таквата желба за оброк или ужинка се јавува најчесто околу полноќ. Сепак, често не треба да ја контролираме и немаме влијание на тоа, а истовремено не треба да имаме (претерана) грижа на совест сè додека внимаваме што јадеме.

Најважното нешто е да го избегнуваме шеќерот.

Ова се најдобрите состојки кои се препорачуваат како ужинка пред спиење

Јогурт или кисело млеко

Јогуртот е одличен пробиотик кој е лесен и помага за лесно варење на храната. Пробиотиците се одлични пред спиење бидејќи го забрзуваат опоравувањето на мускулите особено по долгиот и стресен напорен ден или напорно вежбање. 

Банана

Бананите се здрав избор. Тие се суперѕвезда меѓу овошјата поради тоа што содржат високо ниво на калиум, минерал кој не се создава сам во нашето тело. Затоа, бананата е одлично овошје бидејќи калиумот е одличен за мускулните контракции, нервните импулси, срцевиот ритам, варењето на храната и други важни функции во телото.

Овесни снегулки со овошје

Ако некогаш пробате да изедете цела чинија на овесни снегулки често се чувствувате полно и прејадено поради тоа што тие го убиваат апетитот, здрави се, а содржат малку калории. Затоа, не препорачуваме преголем оброк, но нашата препорака е овесни снегулки со семки, боровинки или банана. 

Овесните снегулки се совршена здрава храна поради тоа што го подобруваат здравјето на срцето и го превенираат дијабетесот. 

Цреши

Иако зимата не е сезона на црешите, имајте ги на ум за летниот период. Тие се одличен извор на антиоксиданти кои помагаат во зачувување на здравјето на срцето, го намалуваат ризикот од настинки и грип, но и некои видови рак. 

Пуканки

Следниот пат кога ќе посакате да изедете цела кеса чипс со вашата омилена серија, изберете пуканки како замена. Тие се одличен извор на протеини и фосфор, кој претставува клучна состојка за подобрување на нашиот метаболизам. 

Чоколадно млеко

По напорен ден на работа, чоколадното млеко е одличен крај на денот. Тоа овозможува протеини кои ни се важни за функционирање на нашето тело, а освен тоа помага и во заштита на мускулите и коските. Освен тоа, домашно направеното чокладно млеко со какао содржи и железо, што помага во заштита од анемијата.