Најдобар трик за справување со изгорениците од сонцето

Во својот подкаст The Well+Good познатиот дерматолог Аделин Килкам нè советува како најдобро да си помогнеме кога ќе изгориме на сонце.

За почеток, таа вели дека треба да бидеме многу внимателни кога станува збор за кремата за сончање. Воопшто не треба да штедиме без оглед на тоа дали имаме светла или потемна кожа. Според неа, не постои совршена заштита од сонцето и затоа кремата за сончање не е единственото нешто што треба да го имаме предвид кога се изложуваме на сонце. 

Таа посочува дека горењето на сонце не е проблем кој трае неколку часа, туку прави дополнителна штета на кожата а предизвикува и рак на кожата. Сончевите зраци се особено силни во текот на летото и затоа треба да бидеме внимателни. 

Но, кога веќе ќе изгориме на сонце од било која причина, Килкам ни нуди едноставен совет кој ќе ни помогне да се справиме со ваквата непријатна ситуација.

Потребно ви е:

Алое вера гел

Калап за мраз

Ставете го гелот во калапот за мраз и замрзнете го во ладилник. Потоа извадете ги коцките и нежно ставете ги на изгорените места.