Најдобар период за љубов во 2019:  Близнаците размислуваат за брак и заеднички живот, комплицирана љубовна година за Раковите

Каква ќе биде 2019 кога станува збор за љубовта за хороскопските знаци?

Овен

Оваа година љубовта нема да ви биде во прв план, но истовремено на ова поленема да се случува ништо лошо. Ќе се насочите кон напредок и личен развој, но и подобрување на кариерата. Сепак, нема да жуивеете осамено, а љубовта ќе ве допре, но на мирен и стабилен начин.

Оние кои се во подолги врски ќе го зацврстат својот однос. Поволната Венера ќе го отвори вашето срце за љубов од 8 јануари до 3 февруари, а особено од 21 април до 15 мај имате поголеми шанси да запознаете личност која ќе ви го освои срцето.

Бик

Најголема промена оваа година ќе биде конечното преминување на Уран во вашиот знак. Тоа може да донесе револуција кога станува збор на вашите чувства, како и подобрување на вашата личност. Тоа значи и дека ќе се трудите да имате подобри личности покрај себе и да не прифаќате чудно однесување од оние кои ви се допаѓаат.

Од мирна личност каква што сте, повремено ќе дуваат нови ветрови. Венера носи убави денови во периодот од  4 февруари до 1 март, но и 16 мај до 9 јуни.

Близнаци

Јупитер во вашето поле на бракот и партнерствата носи нови можности за љубов и заедништво. На вас останува да го препозанете тоа. Близнаците кои се во врска ќе го подобрат својот однос со саканата личност, но само ако успеат да бидат реални.

Ако планирате заеднички живот со саканата личност потрудете се да ги проверите своите реални можности и тоа добро да го испланирате. Венера носи поволни аспекти од 2 до 26 март, а и особено во периодот 16 јуни до 3 јули и 15 септември до 8 септември.

Рак

2019 ќе биде убава за вас на полето на љубовта, но вашите емоционални односи ќе бидат многу комплицирани. Ќе бидете во искушение а од вас ќе биде потребно да покажете сериозност, зрелост и паметен пристап. Некои работи морате да ги дефинирате, некои ќе ги завршите и ќе отворите нови.

Поволен период за љубов се деновите меѓу 1 јануари и 7 јануари, потоа од 27 март до 20 април и 9 октомври до 11 ноември.

Лав

Позади вас е времето на промени и романтични односи, па сега можете мирно да чекорите напред. Заборавете на минатото, било што било. Свртете ја главата напред бидејќи пред вас е нова љубов. Јупитер цела година ќе гравитира во вашето петто поле на љубовта, па ќе ви ја донесе совршената личност која ќе ви го разубави животот.

Некои Лавови би можеле да станат родители, што ќе ги направи многу среќни. Поволни денови за љубов се периодите меѓу 8 јануари до 3 февруари, потоа од 21 април до 15 мај и 2 до 26 ноември.

Девица

2019 ви носи многу илузии и заблуди. Затоа, пред да направите било што, размислете добро. Оние кои се во врска ќе го зацврстат својот однос, а оние кои не се, ќе заведуваат личности кои се можеби непримерни и себични.

За Девиците кои планираат да започнат заеднички живот, добро би било прво да ги проверат сите правни аспекти и да се посоветуваат со адвокат. За љубов, добрите денови доаѓаат во периодот 4 февруари до 1 март, потоа од 16 мај до 9 јуни, 22 август до 14 септември, а потоа и 27 ноември до 20 декември.

Вага

Мирот кој започнавте да го чувствувате во емоционалните односи, ќе се зацврсти во текот на оваа година. Ќе бидете побистри и посмирени, па ќе чувствувате и задоволство во приватниот живот. Особено тоа ќе се рефлектира на комуникацијата со спротивниот пол, па така ќе имаат и многу повеќе можности за познанства.

Венера ќе го разубави вашиот живот на љубовен план од 2 до 26 март, потоа од 10 јуни до 3 јули, 15 септември до 8 октомври и од 21 декември до крајот на годината.

Шкорпија

По големите промени кои ги доживеавте во 2018, оваа година ќе морате да примените нов пристап во емоционалните односи. Уран влегува во опозициониот знак Бик, па таму ќе остане 7 години и на вас останува да се прилагодите. Ќе постојат искушенија од нагли и неочекувани настани, пријатни и непријатни изнедувања, па ќе морате да се привикнете на тоа.

Убави денови за љубов се од 1 до 7 јануари, 27 март до 20 април, од 4 јули до 28 јули, а највеќе од 9 октомври до 1 ноември.

Стрелец

Со Јупитер во вашиот знак ќе имате чувство дека сите врати ви се отворени, па така и оние љубовните. Ќе бидете во одлично расположение, но и склони кон заблуди. Поради вродената потреба за слобода, бидете внимателни и внимавајте да не се размазите премногу или да ги навредите другите. Негувајте реалистичен поглед кон светот и бидете умерени.

Убави денови за љубов се оние во периодот меѓу 8 јануари и 3 февруари, потоа од 21 април до 15 мај, од 29 јули до 21 август и најсилно од 2 до 26 ноември.

Јарец

Бавните планети ќе ви овозможат стабилна насока во вашиот приватен живот. Веројатно ќе се поставите како силна поддршка на саканата личност, а ако сте уште сами, не е исклучено приказната да почне со личност на која вие и давате голема поддршка.

Многу Јарци ќе доживеат порив за романтика. Венера носи убави љубовни денови од 4 февруари до 1 март, потоа од 16 мај до 9 јуни, 22 август до 14 септември и 27 ноември до 20 декември.

Водолија

Откако ги научивте своите лекции, сега точно знаете што сакате. Некако полесно ќе дишете, а атмосферата во вашата врска ќе биде поопуштена. Оние кои се сами ќе уживаат во времето поминато со пријателите и друштвото, а не е исклучено од тоа да тргне и една убава љубовна приказна.

Ќе бидете склони кон опуштање и спонтаност и тоа ќе ви годи многу. Љубовни денови се оние во периодот меѓу 2 до 26 март, потоа од 10 јуни до 3 јули, од 15 септември до 8 октомври и потоа силно од 21 декември до крајот на годината.

Риби

Не летајте премногу, туку трудете се приземјено да размислувате. Тоа ќе ви овозможи убава година. Понекогаш ќе морате да ги скротите своите идеали, но токму тоа ќе ви донесе многу среќа. Како што ќе минува годината, ќе бидете се позадоволни на полето на љубовта.

Убави денови за љубов се оние во периодот меѓу 1 до 7 јануари, од 27 март до 20 април, од 4 до 28 јули и потоа од 9 октомври до 1 ноември.