Најдобар начин да дознаете колку ви е некој драг...

За да дознаете колку ви е некој драг и важен, направете една мисловна вежба. Дури и ако сте лути на таа личност, дури и ако многу ве изнервирале, ако ве предаде трпението, сепак пронајдете сила за оваа едноставна проверка.

Замислете за миг дека личноста на која сте лути одеднаш ја снемува од вашиот живот. На пример, се преселува во друга земја и си заминува засекогаш. Или ќе отиде на друга планета. Или ќе умре. 

Страшно е да се замисли тоа, но да претпоставуваме дека сите други средства се исцрпени. Не можете повеќе да го видите тој човек? Е па, никогаш повеќе и нема да го видите. Замислете како ќе живеете без него (или неа)? Можете ли да ја поднесете помислата? Дали ќе ви биде полесен животот? 

Дури тогаш ќе сфатите што навистина чувствувате кон таа личност. 

Ако почувствувате радост и олеснување, тогаш таа личност не ви е драга. Морате да ги прекинете контактите и да се тргнете од таквата личност. 

Ако се исплашите и почувствувате тага, тогаш таа личност ви е многу драга. Лутината и бесот се моментални. 

Понекогаш во животот и во односите со луѓето има пречки и проблеми, но помислата дека пријателите ќе ги смена и дека нема никогаш повеќе да можете да им се јавите, самата помисла прави да посакате да им се јавите или да ги прегрнете. Таа мисла едноставно не е возможна.

Во такви моменти, точно знаете што и како чувствувате за луѓето околу вас. Согласно на тоа, така и однесувајте се со луѓето кои ги сакате, а оние кои ве прават мизерни, едноставно не треба да бидат секојдневен дел од вашиот живот.

Животот е прекраток за да се биде мизерен.