Најди некој поради кој ќе заборавиш на стравот од љубовта...

Љубовта може да биде застрашувачка и возбудлива, но стравот од љубовта, не би смеел да нѐ спречи да ја чувствуваме и живееме љубовта. Без оглед на минатото и луѓето кои нѐ повредиле, нашето скршено срце ќе се исцели кога ќе пронајдете храброст повторно да сакате. Пред да почнете со вашите лоши мисли, да ви кажеме една работа: Да, повторно ќе сакате. Дури и да не сакате, дури и ако си велите дека љубовта е бесмислена или привремена, дека луѓето веруваат во љубов само затоа што им дава надеж за подобро утре, еден ден ќе ја најдете личноста поради која ќе сфатите дека вистинската љубов е реална. Таква љубов, дури и ако не е засекогаш – постои.

Најдете некој кој прави да чувствувате надеж, а не страв

Некој кој ќе ве држи за рака како никогаш да нема да ве пушти. Некој, кој само со еден допир прави да чувствувате доверба. Некој во чие присуство секогаш се чувствувате удобно. Некој кој ви дава надеж дека љубовта е вистинска, затоа што поради таа личност го чувствувате тоа. 

Најдете некој кому ќе бидете приоритет

Некој кој веднаш наоѓа место за вас во животот, без тоа да му претставува проблем. Некој кој не мора да се труди да се чувствувате убаво, туку едноставно го чувствувате тоа.

Најдете некој кој ќе ве сака поради вистинските причини

Некој кој не може да поднесе да бидете тажни. Некој кој ужива во вашата среќа, кој сака да бидете најдобри што може да бидете.

Најдете некој покрај кого ќе се чувствувате како навистина да имате среќа во животот

И обратно – и тие покрај вас да се чувствуваат како да имаат среќа во животот, затоа што ве запознале вас. 

Најдете некој кој ќе го цени вашиот успех и кој сака да успеете

Затоа што верува во вас и знае за сѐ што сте способни.

Најдете некој кој ви поставува предизвици

Најдете некој поради кој ќе ги менувате перспективите. Некој кој нема секогаш да се сложува со вас, но ќе ве слуша и ќе реагира искрено. Искреноста не е ссекогаш убава, но ќе знаете дека таа искреност доаѓа од љубов, а не од завист. 

Најдете некој кој ќе направи да чувствувате помал страв од љубовта, сѐ додека тој не исчезне. Некој со кого ќе го надминете стравот од повторно заљубување.