Најди некој поради кој ќе престанеш да се плашиш од љубовта

 

Љубовта може да биде застрашувачка, но и возбудлива, но стравот од љубовта не смее да ве спречи да ја почувствувате и живеете. Без оглед на минатото и луѓето кои ве повредиле, вашето скршено срце ќе се излечи кога ќе најдете храброст повторно да сакате. 

Веднаш да ги прекинеме вашите лоши мисли, повторно ќе се заљубите, верувајте ни. Дури и ако не сакате, ако си велите дека љубовта е бесмислена или привремена, дека луѓето веруваат во љубов само затоа што им дава надеж за подобро утре, еден ден ќе најдете личност поради која ќе сфатите дека љубовта е реална.

Таквата љубов, дури и кога не е засекогаш, постои.

Најдете некој поради кој чувствувате надеж, а не страв

Некој кој ве држи за рака како никогаш да нема да ве пушти. Некој кој со својот допир прави да чувствувате доверба. Некој во чие присуство се чувствувате удобно. Некој кој ви дава надеж дека љубовта е автентична, затоа што поради таа личност и го чувствувате тоа. 

Најдете некој кому ќе му бидете приоритет

Некој со кого не мора да се трудите да чувствувате дека си припаѓате, туку едноставно го чувствувате тоа. 

Најдете некој кој ве сака поради вистинските причини

Некој кој не може да поднесе да ве гледа кога сте тажни. Некој кој ужива во вашата среќа, некој кој сака да бидете најдобри што можете. 

Најдете некој поради кого ќе се чувствувате најсреќни на светот

Среќни што сте се пронашле и ќе продолжи да ве одбира секој ден. Некој кој исто чувствува среќа што сте влегле во нивниот живот. 

Најдете некој кој се гордее на вашиот успех

Не затоа што сакате да бидете подобри во натпреварувачка смисла, туку затоа што сакате да бидете своја најдобра верзија. 

Најдете некој кој ве предизвикува

Некој поради кого ќе ја менувате перспективата. Некој кој нема секогаш да се сложува со вашето мислење, но ќе ве ислуша. Искреноста не е секогаш убава, но ќе знаете дека таа искреност доаѓа од љубов, а не од завист.

Најдете некој кој ќе направи да не се плашите од љубовта. Некој со кого ќе успеете да го надминете стравот дека повторно ќе бидете повредени.