Најди некој поради кој ќе престанеш да се плашиш од љубовта...

Љубовта може да биде подеднакво страшна како и возбудлива, но стравот од љубовта не би требало да нѐ спречи да ја почувствуваме и живееме. Без оглед на минатото и луѓето кои нѐ повредиле, вашето скршено срце ќе заздрави кога ќе најдете храброст повторно да сакате. 

Ајде веднаш да ги прекинеме вашите лоши мисли, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека повторно ќе се заљубите и ќе сакате. Дури и ако не сакате, дури и ако си велите дека љубовта е бесмислена или привремена, дека луѓето веруваат во љубов само затоа што им дава надеж за подобро утре, еден ден ќе ја пронајдете личноста поради која ќе сфатите дека вистинската љубов навистина постои.

Најдете некој кој ве поттикнува да чувствувате надеж, а не страв

Некој кој ќе ве држи за рака како никогаш да не планира да ве пушти. Чиј допир прави да чувствувате доверба. Личност покрај која се чувствувате удобно. Некој кој ви дава надеж дека љубовта е автентична.

Најдете некој кому ќе бидете приоритет

Некој кој има место за вас. Некој кој не мора да се труди за да се чувствувате како да му припаѓате, туку едноставно го чувствувате тоа. 

Најдете некој кој ќе ве сака поради вистинските причини

Некој кој не може да поднесе да ве гледа тажна. Некој кој ужива во твојата среќа, некој кој сака да бидете најдобри што можете да бидете.

Најдете некој поради кого ќе се чувствувате како најсреќната личност на светот

Најдете некој кој ќе прави да се чувствувате како најсреќната личност токму порадид тоа што ве избрал вас. Некој кој исто така ќе се чувствува како најсреќниот човек на светот затоа што ве има вас во својот живот.

Најдете некој кој го цени вашиот успех и кој сака да успеете во животот

Некој кој ги цени вашите квалитети и знае дека можете да го освоите светот, држејќи го за рака.

Најдете некој кој ве предизвикува

Некој поради кого ќе го менувате својот светоглед. Некој кој нема секогаш да се сложува со вашите мислења, но секогаш ќе слушне што имате да кажете и искрено ќе реагира на вашите зборови. 

Најдете некој кој ќе направи помалку да се плашите од љубовта, сѐ додека стравот целосно не исчезне. Некој со кого љубовното возбудување ќе биде доволно за да го надминете тој страв од љубовта.