Најдете време за...

Најдете време за луѓето кои ви се интересни, а за кои никогаш досега не најдовте време.

Најдете време за да и се јавите на својата баба и да ѝ кажете дека ја сакате.

Јавете му се на вашиот најдобар пријател од детството и кажете му дека ви недостасува.

Најдете време за да купите цвеќе за својата мајка и да ја изненадите.

Отидете кај својот дедо и прашајте го за неговите приказни од детството и младоста.

Најдете време за својот брат и неговите анегдоти.

Најдете време за својата сестра и нејзините неволји.

Откријте ги сите нешта кои им значат на луѓето и слушајте ги без оглед на тоа колку пати сте ги слушнале претходно. Погледнете ги во очи и покажете им колку ви значат. Не морате да зборувате.

Најдете време за луѓето кои ви значат.

new nike air max 2019