Најдени се докази - пожарот кај Смилковско е подметнат, соопшти градоначалникот на Гази Баба

По синоќешниот голем пожар кај Смилковско Езеро, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски тврди дека е подметнат и дека се најдени докази.

- Остатоци од изгорена гума и ракавици се пронајдени на Смилковско Езеро. Жално е ако некој мисли дека на овој начин ќе добие политички поени, порача Стефковски и објави фотографии од доказите. 

Доцна синоќа Стефковски објави дека на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро. Сообраќајот од обиколницата беше во прекин!

Екипите со кризниот штаб излегоа на терен!