Додека прегазувањето пешак на пешачки премин не се третира како убиство со умисла ќе продолжи и оваа пракса, коментира професорката Мирјана Најчевска за веста од билтенот дека возач удрил пешак и потоа избегал.
Ова се случи во Скопје, додека граѓани протестираа за прегазувањето на Фросина Кулакова на Партизанска.
Возачот кој ја прегази доби 30 дена притвор.
Протести имаше во Скопје и во родниот град на девојката, Неготино.