Најчестите причини за хроничен замор

Некогаш мислиме дека краток одмор ни е доволен за да се „рестартираме“, но дури потоа сфаќаме дека сме поизморени од кога било. Ова е прв знак дека страдаме од хроничен замор. 

Освен недостаток на слободно време, лош квалитет на сонот и лоша исхрана, понекогаш заморот ни испраќа порака дека нешто треба да промениме и да ја отстраниме причината, за да може да се избегне развој на болести или здравствени состојби како негова последица. 

Така, тој може да биде резултат на:

Хормонска нерамнотежа

Ако не можете да препознаете што го предизвикува тој замор, време е да отидете подлабоко во проблемот. Дали вашата штитна жлезда работи правилно? Колкава е количината на кортизол во вашето тело? Дали хормоните се во баланс или пак, некој отстапува? Одговорите на овие прашања лесно можат да ве доведат до вистинската причина за хроничниот замор. 

Проблеми со варењето

Превисокото или прениското ниво на добрите бактерии исто така може да биде причина за оваа состојба. Тоа значи дека варењето не се одвива со темпо какво што би требало, па резултира со постојан замор. 

Присуство на отрови во домот

Некои отрови не ги гледаме, но постојано демнеат од секојдневните предмети. На пример, причина за замор може да бидат хемикалиите кои ги користиме секојдневно за одржување хигиена, прашинските грини во мебелот, адитивите во храната, како и отровите кои се ослободуваат од пластичните садови кои ги користиме. 

Решете ги овие проблеми навреме, бидејќи заморот го прави метаболизмот побавен, а со тоа и размената на материи помалку ефикасна. Ако не можете да надоместите со повеќе сон, почнете да го барате коренот на проблемот, додека уште е во фаза кога е лесно решлив.