Најчести лаги кои по раскинувањето си ги кажуваме самите на себе

На сите ни се случило тоа, сме раскинале врска за која сме мислеле дека вечно ќе трае. Кога ќе дојде до раскинување, некои луѓе плачат по цели денови, додека пак други се обидуваат да се охрабрат и да се смејат за  да и покажат на околината дека лесно го надминуваат раскинувањето.

Еве што најчесто изговараме по раскинувањето:

„Сега го имам целиот кревет на располагање, за мерак!“

„Сосема сум подготвен/а да продолжам понатаму!“

„Лошите времиња се зад нас, најдобро допрво доаѓа.“

„Ова е за нов живот!“

„Морам да се сакам себеси повеќе отколку што ги сакам другите.“

„Секако сакав да се фоксирам на кариерата.“

„Мене во животот ми се потребни само моите пријатели и моето семејство.“

„Не треба да се биде тажен затоа што завршило, треба да се насмевнеш затоа што се случило.“

„Ама ќе останеме пријатели.“

„Почнав да го сакам мојот самечки живот.“

„Воопшто не ни помислувам на него/неа.“

„Без него/неа ми е 100 пати поубаво.“