Најбрзата мобилна мрежа станува уште побрза - А1 Македонија ги доби 5G фреквенциите

Агенцијата за електронски комуникации ги додели одобренијата за петатта генерација на мобилни услуги 5G, со што А1 Македонија, компанијата со најголем број корисници на мобилна телефонија и најбрз мобилен интернет официјално ја воведе 5G технологијата за своите корисници.

„Со напорни и интензивни подготовки во минатиот период, развивме интерни компетенции и овозможивме високо ниво на технолошка подготвеност за комерцијално воведување на 5G. Со обезбедувањето на фреквенциите, иднината станува реалност и ние како компанија уште еднаш потврдуваме дека постојано вложуваме во усовршување и надградување на најбрзата мрежа во земјата. Во богатото портфолио на А1, веќе се достапни атрактивни 5G сертифицирани уреди и 5G тарифни модели, кои на корисниците им овозможуваат да ги искусат придобивките од новата технологија.“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор во А1 Македонија.

Компанијатапред извесно време ја лансираше А1 Nova, која епрвото тарифно портфолио во понудата на А1 Македонија креирано да одговори за вистински 5G искуства и истото вклучува неограничено количество мобилен интернет и содржи шест тарифни моделикреирани според потребите на корисниците.

Мрежата од петтата генерација овозможува целосно нови примени во областа на безжични комуникации, современи начини за користење на мобилните мрежи и многукратно подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи големи брзини и капацитети за пренос на податоци, видео и гласовни услуги, како и поголемо покривање и кратка латенција, која овозможува сигурна податочна комуникација во реално време.

Придобивките од 5G технологијата корисниците ќе можат да ги искусат пред се во поврзаноста кај индустриски апликации, гејминг, разновидни автономни уреди и воопшто секаков вид современи податочни услуги што оваа технологија ги овозможува.