По неколкуте ковид-бранови, се чини дека полека, но сигурно во претстојниот период се враќа ноќниот живот во земјавата, а најавите за концерти на голем број музички имиња се потврда се ќе се врати „старото нормално“.
И организаторите се надеваат дека ковид мерките ќе се олабавуваат, па така, ќе има можност за големи концерт и конечно вистински музички доживувања за фановите.
Една од најпопуларните музички ѕвезди на овие простори Петар Грашо ќе одржи голем солистички концерт во Скопје, на 18. мај во „Арена Борис Трајковски“.
Српскиот пејач Ацо Пејовиќ најавува концерт на 9 Април во сала Борис Трајковски, а со оваа ѕвезда која ја отпеа насловната нумера од филмот “ТОМА“ - безвременската ,,За Љиљану" ќе може непосредно да се дружите на прес-конференција, утре 13. март, во Ист Гејт Мол, кат -II, плато пред Супер Тинекс Маркет каде ќе можете да довиете автограм и да се фотографирате со него.
Жељко Самарџиќ на 19-ти март во Универзалната сала во Прилеп (сала на Тутунски комбинат) ќе одржи хуманитарен концерт заедно со македонските изведувачи Јоце Панов и и прилепчанецот Филип Николоски, а средствата од влезниците ќе бидат донирани за помош на мaлиот Дејан Најдоски од Прилеп.