Најавени прекини во електро и водоснабдувањето во понеделник и вторник

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат:

- од 10:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на новата зграда Биси на ул. Козле (општина Карпош)

Во вторник (14.01.2025) без струја ќе останат: 

- од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Димитар Илиевски Мурато и ул. Тодор Чангов (подулици бр: 49. 51 и 53, општина Аеродром).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, известува дека во понеделник:

- поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул. Партениј Зографски бр 23, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица (општина Центар).