
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски најави прекрасна предновогодишна забава со богата и разновидна празнична програма наменета за сите генерации.
Од 26 до 28 декември ќе трае Новогодишниот базар во општина Илинден.
„И годината во соработка со општествено одговорни компании како општина ќе организираме традиционален Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во Марино. Денес се сретнав со македонскиот рапер и продуцент Тони „Зен“ Петковски и младиот музички артист Христијан Настески „Пајак“ кој ќе имаат спектакуларен настап на Новогодишниот базар, информираше Георгиевски.
Покрај музичките настапи, градоначалникот сподели и дека посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнична гастрономска понуда, топли пијалоци, детска и хуманитарна програма, дружење со Дедо Мраз, како и бројни забавни активности.