Најавен голем прекин! Делови од повеќе скопски општини цел ден без струја

Од ЕВН за денеска најавија прекин во електроиснабдувањето во делови од главниот град. 

 Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;

· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;

· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;

· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;

· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош