Најава за заладување на времето и голем температуран шок

Територијата на Македонија постепено подпаѓа под влијание на циклонска активност која е со центар во Медитеранот. Вчера во текот на попладневните и во вечерните часови облчноста се зголеми и најпрвин во западните предели (Струшко) па потоа и во Охридско и кај Преспа имаше развој на нестабилност проследена со грмежи и локален пороен дожд. Поизразена нестабилност вчера попладне помина северно од градот Струга. Во вечерните часови нестабилност имаше и во близина на Криво Паланечко и Беровско.

Денес (18.09.2016) времето во Македонија ќе биде умерено облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови можна е поретка појава на нестабилност проследена со пороен дожд , грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени.

Од утре (19.09.2016)па натаму следува период на доста променливо време со повремени локални врнежи од дожд кој ќе бидат со променлив интензитет. Утре не се исклучува можноста и за локална појава на грмежи. Ќе има и позначително заладување на времето особено од вторник кога температурите ќе бидат за речиси 10-тина степени пониски од сегашните и истите ќе се движат во интервал од 17 до 24 степени.

Во вторник поради продорот на постуден воздух од север ќе дува умерен , должд повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

– Во случај на електрични пранзења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја. – Во текот на електричните празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони.