Најава за спектакл: Детали за овогодишниот Пивофест во Прилеп

Овогодинешниот Фестивал на пиво ќе претставува вистинско задоволство за сите посетители.

Се повеќе се познати имињата на настапувачите кои ќе допринесат за што помасовен број на гости и пожешка атмосфера на 14-тиот фестивал на пивото и скарата.

Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, сигурни гости се и: незаменливите Bang La Decks, Crossroad Blues Band, Fly Project, познатиот реге изведувач Raphael, Дејан Петровиќ и секако Парни Ваљак.

Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните. Организаторите се уште ја немаат откриено целосната програма за фестивалот, но ветуваат огромни изненадувања и пред се добра забава за сите посетители.