Најава од Водовод: Утре без вода овие скопски улици

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (вторник) поради промена на воздушен вентил и затварач од ф 80мм на ул 30 бр 20 во село Трубарево без вода ке останат корисниците од истото село (општина Гази Баба).

Водоснабдувањето ке биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.

Исто така, поради реконструкција на водоводна мрежа од 5/4 на ул Гемиџиска бр 33 без вода ке останат корисниците од ул Гемиџиска и ул Филип Филипович. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.