Најава од Водовод: Повеќе улици од Кисела Вода утре со прекин

Од скопски Водовод известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул.Иван Козаров 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Иван Козаров, дел од Георги Димитров, дел од Вера Јоциќ, Божидар Аџија, Киро Крстевски, Мишко Михајловски, Боте Боцевски и дел од Димо Хаџи Димов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.