Награди за најубаво украсени дворови за Нова Година

По повод новогодишните и божиќните празници, се повикуваат жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме, со свој придонес во новогодишното украсување, велат од општината.

За таа цел, општината обезбеди симболични награди за најубаво украсените дворови, тераси, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.

Пријавувањето може да го направите на телефонските броеви 02/3212886; 075/435155, на меил redakcija@gazibaba.gov.mk или лично во едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 23.12.2016 год. до 16,00 часот.

Податоците да содржат адреса и телефон за контакт.

Комисијата од општината ќе ги посети пријавените на 26.12.2016 год. по 17,00 часот.