Награди за најдобрите ученици од скопскиот регион (ФОТО)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска, во Салата на Советот на Град Скопје, им додели благодарници и награди на највисоко рангираните ученици на скопските регионални натпревари.

- Задоволство ми е што заедно, го прославуваме овој свечен и убав ден кога се одбележува знаењето. Ми претставува особена чест и задоволство што денеска, со промоцијата на годинешниве реализирани резултати на вкупно 65 средношколци со одлични успеси, ја потврдуваме нашата доследност во настојувањата да го презентираме сето она што се создава во образованието и училиштата, како и стремеж да ги збогатиме знаењата на средношколците. Тука сме пред уште едно поглавје на проектот „Поддршка на акредитирани здруженија во организирање на натпревари по различни наставни предмети меѓу средношколците од средните училишта на подрачјето на Градот Скопје”. Овој настан претставува продолжение на манифестациите кои успешно се реализираа во 2015 и 2016 година, настан кој веќе 2 години наназад е, без сомнение, од суштинско значење за презентирање на успесите на учениците. Голем е бројот на средношколци кои низ годините останаа запаметени по својата креативност, иновативност, енергија, способности, преку кои ги постигнаа високите успеси на скопските регионални натпревари. Со воспоставувањето на традиционално наградување за највисоко рангирани средношколци на скопските регионални натпревари по различни наставни предмети, се става акцент на креативноста и богатството на знаењата на учениците. Ова јавно признание има првенствена цел- развивање на натпреварувачкиот дух и истото да придонесе за збогатување, усовршување и подобрување на квалитетот на знаењата на учениците. Токму затоа Градот Скопје вложува големи напори и средства во реализација на овој значаен проект. Тоа се крупни чекори со кои ја одразуваме нашата свест и чувството за валоризација на вистинските вредности кај средношколската младина и го потврдуваме нашиот квалитетен образовен систем кој знае да ги почитува вистинските вредности, кој знае да ги негува, да ги потврдува и да ги афирмира високите образовни достигнувања - создадени во нашата држава. Доказ за тоа е и фактот што многу високорангирани ученици на овие натпревари се пласираат на меѓународни натпревари во светските рамки. Уверени во потребата дека сите ние треба да го дадеме нашиот придонес во охрабрување на натпреварувачкиот дух во воспитно-образовнито процес, во оваа пригода сакам да го истакнам големиот придонес на Акредитираните здруженија и Менторите на учениците , кои со со години наназад непрекинато и континуирано инвестираат во средношколците. Не можам, а да не забележам дека со севкупната нивна посветеност и квалитетна работа, придонесоа учениците да постигнат успеси. Секако дека најважните во овој процес сте Вие учениците, се надевам овие успеси ќе ги паметите секогаш, ќе се гордеете со нив и тие ќе бидат значаен дел од вашиот средношколски период, но сакам да Ви пожелам уште многу успешни остварувања и уште многу признанија – истакна градоначалникот Трајановски.

Градот Скопје и годинава го реализираше проект за поддршка на Скопски регионални натпревари по 11 наставни предмети кои традиционално се спроведувани од акредитирани здруженија за организација на натпревари во средните училишта на Град Скопје.

Поддршката е наменета за учениците, средните училишта на подрачјето на Град Скопје и здруженијата кои се учесници на натпреварите на локално ниво за повеќе наставни предмети.

Градот Скопје обезбеди финансиска поддршка на средните училишта-домаќини на регионалните натпревари (Скопски регион), како и парични награди и благодарници на највисоко рангираните средношколци од средните училишта на подрачјето на Град Скопје кои освоиле едно од првите три највисоко рангирани места на натпреварите на регионално ниво (Скопки регион).

Оваа година Град Скопје доделува и благодарници и на 11 акредитирани здруженија, како и на менторите на наградените ученици, со цел јавно признание за успесите кои ги имаат постигнато за организација на натпреварите.

Улогата и соработката на вклучените страни во проектот е дефинирана со Меморандум за соработка склучен помеѓу Градоначалникот на Град Скопје и Претседателите на 11 акредитирани здруженија за организирање на натпревари по различни наставни предмети, и тоа:

1. Здружение на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р.М

2. Здружение на информатичари на Македонија

3. Друштво на биолози на РМ

4. Асоцијација на наставници по англиски јазик на РМ

5. Здружение на класични филолози „Антика“

6. Сојуз на друштва за македонски јазик и литература на РМ

7. Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

8. Здружение на професори по француски јазик на РМ

9. Друштво на физичарите на РМ

10. Здружение на наставници по германски јазик и книжевност на РМ

11. Сојуз на математичари на РМ

Во текот на учебната 2016 и 2017 година реализирани се натпревари по следниве наставни предмети:

информатика, математика, германски јазик, англиски јазик, хемија, географија, француски јазик, латински јазик, биологија, предмети од електротехничката, сообраќајната, машинската струка и физика.

Од Вкупниот број на учесници на сите натпревари на скопско регионално ниво, 65 ученици се наградени и имаат постигнато највисок резултат.

Победници на натпреварот од средните училишта се учениците:

1. Најдобро рангирани на натпреварот по англиски јазик:

1 место Мерсиха Фејзиќ СУГС Орце Николов

2 место Искра Целакоска СУГС Орце Николов

3 место Матеј Алулоски СУГС Јосип Броз Тито

2. Најдобро рангирани од натпреварот по хемија се:

1 место Антонио Андоновски СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Емил Николов СУГС Орце Николов

1 место Никола Донов СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Стефан Стојковиќ СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Филип Трајковски СУГС Раде Јовчевски Корчагин

3. Највисоко рангирани ученици на натпреварот по математика:

1 место Ангелина Стојковска СУГС „Здравко Цветковски“

1 место Горазд Димитров ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош

1 место Марко Жаров СУГС „Здравко Цветковски“

1 место Михаела Хаџиска ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош

1 место Никола Даневски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош

1 место Селвер Исени СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“

1 место Тамара Митровска ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош

1 место Тијана Додевска СУГС „Здравко Цветковски“

1 место Филип Селамовски ПСУ „ International high school“

4. Највисоко рангирани по категории на натпреварот по информатика:

1 место Владимир Максимовски ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел,

1 место Душан Терзиќ ПСУ „Јахја Кемал“ - Бутел,

1 место Јосиф Тепеѓозов ПСУ „Јахја Кемал“ - Автокоманда,

1 место Филип Даштевски ПСУ „Јахја Кемал“ - Автокоманда,

5. Натпревар по француски јазик, највисоко рангирани на натпреварот се:

1 место Александар Трендов СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Александра Јовевска СУГС „Георги Димитров“

1 место Анкица Соколиќ СУГС Орце Николов

1 место Искра Бојковска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Јована Цветановска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

6. Натпревар по предмети од електротехничката, машинската и сообраќајната струка, највисоко рангирани се следниве ученици:

1 место Ана Јакимовска СУГС „Владо Тасевски“

2 место Антонио Василевски СУГС „Владо Тасевски“

1 место Бобан Митровски СУГС „Михајло Пупин“

3 место Ведат Мурати СУГС Орце Николов

3 место Дијана Ивановска СУГС „Боро Петрушевски“

3 место Кире Петковски СУГС „Михајло Пупин“

2 место Матеј Јовановски СУГС „8-ми Септември“

2 место Сара Костадиновска СУГС „Владо Тасевски“

1 место Стефан Ванчевски СУГС „Боро Петрушевски“

7. На регионалниот Скопски натпревар по германски јазик најдобро рангирани:

1 место Арбнора Ќаили СУГС „Зеф Љуш Марку“

2 место Ана Марковски Меѓународно училиште Нова

1 место Васил Гичевски СУГС Јосип Броз Тито

2 место Прохор Зафировски СУГС Јосип Броз Тито

1 место Симона Богоевска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

8. На натпреварот по географија добитници се:

1 место Виктор Браневски СУГС „Владо Тасевски“

1 место Марија Танеска СУГС „Кочо Рацин“

2 место Ангела Здравковска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

2 место Кузман Ацевски СУГС „Лазар Танев“

3 место Дамјан Станчевски СУГС „Владо Тасевски“

2 место Слободан Доксимовски СУГС „Никола Карев“

3 место Стефан Голубовски СУГС Раде Јовчевски Корчагин

9. На натпреварот по физика добитници се:

1 место Ангела Поповска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Иван Јовановски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош

1 место Иван Николовски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош

1 место Стефани Јосифовска СУГС „Георги Димитров“

10. На натпреварот по латински добитници се

1 место Бисера Каевска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“

1 место Јована Кордовска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Сара Деспотовска СУГС „Георги Димитров“

2 место Бојана Стојковска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“

2 место Константина Цветановска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“

2 место Матеја Стојчева СУГС Раде Јовчевски Корчагин

2 место Андреј Станојковиќ СУГС Раде Јовчевски Корчагин

3 место Ана Зафировска СУГС „Д-р.Панче Караѓозов“

3 место Кристина Милошевска СУГС „Георги Димитров“

3 место Никола Панајотовиќ СУГС Раде Јовчевски Корчагин

11. Натпреваро по биологија се:

1 место Елена Николовска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Ивана Блажевска СУГС Орце Николов

1 место Милена Трајаноска СУГС Раде Јовчевски Корчагин

1 место Сара Милованова СУГС Јосип Броз Тито

На 65 највисоко рангирани ученици на скопските регионални натпревари им се додели и парични награди, односно 5.000 денари за освоено прво место, 4.000 денари за 2 место и 3.000 денари за освоено трето место.