Награди за најдобрите маски

Општина Ѓорче Петров и годинава ќе биде домаќин на детската “Априлијада” која се одржува традиционално веќе неколку години наназад.

Настанот ќе се случува во реонскиот парк, а доколку временските услови не дозволат одржување на Априлијадата на отворено, настанот ќе се одржи во Центарот за култура.

Најдобрите три маски ќе добијат награди кои ги обезбедува општината.За учество на манифестацијата, основните училишта и градинката “Росица” треба да одберат по 10 најдобри маски. Настанот ќе започне во 12 часот со дефиле на дечињата под маски.
Секое училиште ќе има свој претставник во Комисијата за избор на најдобри маски.