Награден инстаграм конкурс за фотографија: Пролет во Скопје!

Скопје Инфо, втора година по ред го организира наградниот конкурс за најубава фотографија на тема „Пролет во Скопје“. Конкурсот трае од 20 април до 31 мај. А, најубавите фотографии ќе бидат наградени со парични награди.

Кои се правилата за учество во конкурсот?

За учество во конкурсот потребно е на вашиот инстаграм профил да објавате ваша сопствена фотографија која ќе биде поврзана со пролет во Скопје. По објавувањето на фотографијата задолжително е на неа да биде обележан (тагнет) инстаграм профилот SkopjeInfo.mk, a во насловот на фотографијата да се содржат таговите #proletvoskopje и #skopjeinfo. Фотографиите кои ги содржат овие два инстаграм тагови ќе бидат постирани на инстаграм профилот на Скопје Инфо. Трите фотографии кои ќе имаат најмногу лајкови од публиката ќе бидат прогласени за победници на конкурсот.

Фотографирајте цвеќиња, градби, автобуси, луѓе, туристи... или се она што ве потсетува на Пролет во Скопје. Освен тоа, ваша задача е да ги поканите пријателите да дадат поддршка и да гласаат за вас.

Кои се наградите?

За оваа намена Скопје Инфо обезбеди три награди: прво, второ и трето место. Наградата за прво место е 150 евра, второ место 100 евра и трето место 50 евра.

Рокови?

Конкурсот трае во периодот од 20 април со 31 мај, а победниците ќе бидат прогласни 7 дена по завршување на конкурсот.

Важна напомена:

Секој учесник во наградниот конкурс има обврска да учествува со максимум пет сопствени фотографии. Учеството на конкурсот значи прифаќање на условите наведени во оваа објава. Скопје Инфо го задржува правото за дискфалификација на одреден учесник или фотографија доколку не ги исполнува правилата за учество или на било каков друг начин несоодетветно учество на конкурсот.