Награда за Теона Стругар-Митевска на филмскиот фестивал во Пула

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска е награден на 62. Филмски фестивал во Пула  со „Златна арена“ за режија во категоријата за малцински копродукции која ја доделува Оценувачккиот суд на хрватската програма. На фестивалот што заврши викендов, „Златна арена“ за најдобра режија ја доби Дана Будисављевиќ за филмот „Дневникот на Дијана Будисављевиќ“.

Според одлуката на жирито, наградата на Стругар-Митевска  се доделува за „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот“. Наградата на свеченото доделување ја прими продуцентката и актерка во филмот Лабина Митевска. 

Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ соопшти дека  „Петрунија“ по Пула го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму ќе биде филм за отворање на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска, потоа ќе биде во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палиќ, Србија, а потоа во Кина и Нов Зеланд.