Над 7.500 ученици во општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи

Над 7.500 ученици во општина Аеродром од сите основни училишта и оваа година добија бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер. В.д. градоначалникот на општината Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром,

„Целта на овој проект е да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка во голема мера да се растовари и буџетот на семејствата кои имаат основци. Општина Аеродром за набавка на овие униформи издвои речиси 19 милиони денари. Сакаме сите ученици да имаат еднаков пристап до образованието, а ние како Општина ќе продолжиме да вложуваме во училиштата и во подобрување на условите за наставата“, се вели во соопштението на општината.