
Во акцијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) и американското Федерално биро за истраги (ФБИ) во која беше разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, откриено е дека имало 70 македонски податоци од кориснички сметки, како веб-мејлови, имејл кориснички сметки и веб Ц (WEB C) панел-сметки што биле ставени за продажба на пазарот за да ги купат сајбер криминалци, потврдиле за порталот „Слободен печат“ од МВР.
-Овие сметки биле поврзани со домејни од правни лица регистрирани во Македонија - одговориле од МВР за „Слободен печат“.
Инаку, кривична пријава е поднесена против 20-годишниот Е.А. од Голема Речица, тетовско, а успешната акција беше пофалена од самото ФБИ, како и од американската амбасада во Скопје.
-ФБИ им честита на нашите партнери од секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, за апсењето на администраторот на криминалниот онлајн пазар OLVX. Ова пресретнување ја означува првата досегашна сајбер операција координирана помеѓу ФБИ и Северна Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ за соработка со партнери ширум светот, со цел заштита на американскиот народ во сајбер просторот - стои во објавата на ФБИ.