Над 64% од Македонците сметаат дека се дел од „средната класа“ кога станува збор за личната и семејната финансиска состојба, покажува анкетата на „Фајнанс Тинк“ објавена во медиумите.
Според неа, граѓаните кои земаат над 20.000 денари месечно сметаат дека се дел од средната класа. Скоро 45% од нив рекле дека примаат меѓу 20 и 35 илјади денари, околу 43“ меѓу 35 и 50 илјади денари а нешто над 9% над 50.000 денари.
Средна класа се сметаат и 3,1% граѓани кои земаат до 20.000 денари месечно.
Интересно е што само 2,5% од Македонците се сметаат за богати, а во таа група си се ставаат луѓе кои заработуваат над 60.000 денари месечен приход.
На спротивната страна, 33,5% Македонци се сметаат за сиромашни. Скоро 70% од нив за тоа ја обвинуваат владата, додека богатите, над 80% сметаат дека за своето богатство се заслужни сами.