Над 500 учесници ќе настапат на фолклорниот фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче

Над 500 учесници од повеќе држави ќе настапат на петтиот меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, што ќе се одржи од 13 до 17 јуни во Долно Лисиче.

Фестивалот свечено ќе биде отворен в петок, 14 јуни во 19:00 часот, а во текот на трите фестивалски дена покрај домаќините, ќе настапат игроорци и од Косово, Србија, Словачка, Полска, Бугарија и Црна Гора.

Организатор на фестивалот е културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче, а Општина Аеродром и Град Скопје се покровители на манифестацијата.