Над 400 луѓе на хуманитарна трка во Скопје: Трчаме за децата со Даунов синдром (фото)

Повеќе од 400 ведри и насмеани лица вчера им го разубавија денот на децата со Даунов Синдром и заедно со нив трчаа на првата Хуманитарна трка во скопскиот Градски Парк, која што се одржа по повод светскиот Ден на лицата со Даунов синдром.

На трката која што беше од отворен карактер и во неа освен што учествуваа деца со Даунов синдром и нивните семејства, можеше да учествува секој кој има желба да биде дел од ваква хуманитарна спортска акција со донирање на 150 денари.

Убава вест која ги развесели сите учесници беше информацијата дека планираната сума за собрани средства била собрана и истата ќе биде искористена за обезбедување на сала и опрема за обезбедување услови за тренирање на децата со Даунов синдром во текот на целата година, како обезбедување сала, реквизити, стручни лица за работа, организирање на семинари и слично.

 

Сите деца со Даунов синдром по завршување на трката беа наградени со медали и пригодни подароци од спонзорите, а за останатите натпреварувачи беа обезбедени награди по лотарија систем.

Synergy Fitness & Spa беа дел од поддржувачите на трката, а претставниците на фитнес и спа центарот наградија и неколку среќни учесници.

Настанот беше во организација на Мечувачкиот клуб Ескрим.