Над 40% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со проблемите во општините, а 40,1% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за случувањата во земјава и за рејтингот на политичарите и политичките партии. 

На прашањето, Која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори, 42.6% од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори.

25.3% од испитаниците одговориле дека не знаат, или пак воопшто не се определени. За СДСМ позитивно одговориле 7.9%, па следи Левица со 7.8%, независни листи со 3.8%, ЗНАМ со 3.7%. 5.8% од испитаниците не сакале да кажат, додека пак за ниедна партија се изјасниле 2.0%.  1.0% од испитаниците одговориле со друга опција, која не е во горенаведените.

На прашањето за која политичка опција испитаниците сметаат дека најдобро би се справила со проблемите во нивните општини, ВМРО-ДПМНЕ има водство од 40.1%. 

22.1% од испитаниците одговориле дека не знаат или немаат одговор , па следи политичката партија Левица со 9.0%, СДСМ со 8.4%.

5.0% од испитаниците не сакале да кажат, додека пак исто толку одговориле дека ќе гласаат за независната листа.  

4.6% од испитаниците одговориле дека ниедна политичка опција не би се справила со проблемите во вашата општина, за ЗНАМ се изјасниле 4.1%, додека пак 1.7% одговориле дека ќе изберат друга политичка опција.