Над 3,5 милиони денари инвестирани во градинката „Весели Цветови“ во Кисела Вода

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека биле инвестирани над 3,5 милиони денари во објектите на градинката „Весели Цветови“.

- Инвестициите во раниот детски развој кои овозможуваат поттикување на интелектуалните способности, го стимулираат логичкото мислење и ја подобруваат моториката се неопходност која е влог во интелектуалниот, општествениот и емоционалниот напредок на децата, информира Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски информира дека биле обезбедени нови постелнини, кујнска опрема, а се прават и инфраструктурни подобрувања.

- Обезбедивме и нови постелини и кујнска опрема, а паралелно правиме и инфраструктурни подобрувања секаде каде што има потреба. Објектот ,,Сончоглед” во кој денес се наоѓаме, после половина век добива и нови енергетско-ефикасни прозорци, а вакви зафати кои на директен начин влијаат на подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование, се планирани и во другите градинки на територија на општина Кисела Вода. Јавниот систем на воспитување и едукација го градиме на високи стандарди, нешто што предучилишните институции кои се под надлежност на нашата општина секако ќе им го овозможат на нашите најмлади жители, напиша градоначалникот.