Над 250 албански интектуалци напишаа писмо до Уставен во кое бараат да не се укинува службената употреба на албанскиот јазик

Над 250 албански интелектуалци, универзитетски професори денеска потпишаа отворено писмо упатено до Уставниот суд, во кое бараат Судот да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик. 

„Дозволете ни да ја истакнеме нашата чувствителност, човечка и национална, за статусот на нашиот мајчин јазик – албанскиот јазик во Република Северна Македонија како прашање од капитално значење за нас, и веруваме, за сите оние кои и го сакаат доброто na оваа држава.

Сосема е природно да се заложиме за целосна рамноправност на албанскиот јазик како јазик за комуникација не само на локално, туку и на национално ниво. Правниот акт од 2019 година го санкционира ваквиот статус на албанскиот јазик во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците. Овој третман е гаранција за еднаквост, лојалност и меѓусебно почитување на граѓаните кон РСМ како држава“, стои во писмото.

В среда Уставниот суд треба да расправа по 12 иницијативи за Законот за јазиците.Оспорен е законот во целина и негови делови. Двајцата судии-Албанци најавија дека ќе ја бојкотираат седницата.