Над 25 илјади лица заработиле прекршочни пријави за неносење маска, од кои 461 лице во изминатото деноноќие

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 25028 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 461 прекршоци во изминатото деноноќие, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 81 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 261 лице им се издадени решенија за изолација, а не се евидентирани лица кои потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.