Над 20 пациенти во Македонија се лекувани од туберкулоза, со која не биле заразени

21 пациент без потреба пиеле лекови за туберкулоза и лежеле во болница. Повеќе од шест месеци поминале на Институтот за ТБЦ, а заразната болест не им била дијагностицирана.

Оваа скандалозна информација ја соопшти директорот на здравствената установа. Инаку и неговата специјалност не е за туберкулоза, туку е гинеколог-акушер.

- Лекарите не можат да препознаат ТБЦ. Немаме катедра за едукација на кадар, изјави д-р Предраг Божичковиќ, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Од институтот за проблемот го информирале и министерот за здравство и алармираат доколку не се превземат навреме мерки може да дојде до зголемување на бројот на заразени. Професорите од оваа здравствена установа едуцираат кадар на Универзитетот во Штип, но не и на медицинскиот факултет во Скопје.

Минатата година во Македонија регистрирани се 220 случаи со туберкулоза. Меѓу нив 10 се деца, а исто толку заболени откриени се и во затворите во земјава.