Над 20 нови локации за надополнување и купување на „Скопска“

ЈСП информира дека во изминатиов период ја прошири секундарната продажна мрежа со над 20 локации (маркети, трафики и слично) кои се наоѓаат на фрекфентни места низ градот/општините, каде корисниците на јавниот превоз можат да купат/надополнат „Скопска“.
Описот на локациите со прилог фотографија е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје www.facebook.com/jspskopjee
Сега, секундарната продажна мрежа ја сочинуваат речиси 100 локации. 
Освен на посочените места услугите на ЈСП Скопје може да се купат и во 32 билетарници на претпријатието.
Од ЈСП очекуваат дека секундарната продажна мрежа и понатаму ќе се шири со оглед на активниот јавен повик за соработка до сите заинтересирани субјекти. 
Во случајов, за секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување „Скопска“, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб страната на ЈСП Скопје и слично.