Над 180 илјади објекти во Македонија се легализирани и впишани во Катастарот на недвижности

Над 180 илјади објекти во Македонија се легализирани и впишани во Катастарот на недвижности.

Граѓаните и компаниите имаат имотни листови и можат со нив да тргуваат да ги стават под закуп односно да ги употребуваат, информираше директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

Во првиот рок за легалзиација во 2011 година беа доставени над 360.000 барања, а во дополнителниот рок на почетокот уште 80.000 барања.