Над 16.000 нови случаи на Ковид-19 во соседна Србија

Според последниот пресек, во Србија се потврдени уште 16.403 заразени со коронавирус. Во последните 24 часа од последиците на вирусот починале 30 лица.

На респиратори се наоѓаат 113 пациенти. На болничко лекување се 2.729 Ковид пациенти, 35 повеќе од претходниот пресек, а на респиратори се 113 лица, четири помалку во однос на вчера објавените податоци.

Во Србија во последните 24 часа биле направени 34.817 тестови.

Смртноста моментално изнесува 0,87 отсто.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се обработени 7.811.784 тестови а присуство на вирусот лабораториски е потвдено кај 1.518.024 лица.