Над 150 инспектори излегоа на терен да ја проверат цената на лебот

Владата вчера ја „замрзна“ цената на лебот, а денеска на терен излегоа инспектори за да извршат надзор и да ја проверат цената на лебот.

Од ДПИ велат дека повеќе информации ќе објават откако ќе завршат контролите до крајот на денот.

По „замрзнувањето“ на цената на 33 денари на лебот, пекарите соопштија дека нема да произведуваат и да носат бел и полубел леб на полиците на маркетите.