Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возач почетник, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...
Од МВР, информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.