Над 100 грома удриле во крстот на Водно

Громобраните на Крстот го заштитуваат од громови и просторот околу него во радиус од околу 100 метри. Во невреме пред четири години, Крстот прифатил огромен број громови, од кои била оштетена и громобранската заштита, која морало целосно да се обнови. Во него, според одговорните од ЈСП, завршиле над 100 грома додека траело невремето. 

Пред да се постават сегашното осветлување и новата громобранска заштита, се случувало гром да удри во Крстот или во негова близина и да ги прегори светилките. Во 2008 година, гром удри во трафостаницата од која се напојуваа светилките, па целиот Крст не светеше.