Наближува времето за задолжителната зимска опрема во возилата - еве што треба да знаете!

Веќе е време да почнете да размилувате за зимската опрема на своите возила.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, започнува на 15. ноември, а ќе трае сѐ до 15 март следната година.

Во согласност со член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, моторните возила и мобилните машини, кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. На секој возач што постапува спротивно на одредбите од овој член од Законот, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови, . 

Зимски пневматици се оние што на својата бочна страна имаат ознака: MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.