Секоја модерна жена покрај себе сака силен маж. Но, кога зборуваме за машката сила, не зборуваме за нивните мускули, туку за нешто сосема друго. Без оглед на тоа колку е жената силна и независна, таа покрај себе сака силен маж кој ќе знае да се грижи за неа на вистински начин. Жените се свесни дека машката сила не зависи од нивното тело и затоа за себе бира маж кој ги поседува овие карактеристики.
На силната жена ѝ е потребен одговорен маж кој се почитува себеси и ја почитува неа. Човек кој нема да ѝ раскажува бајки, туку човек кој е цврст во своите одлуки и желби.
Силата на мажот се огледува во неговиот интелект и галантност. Силниот маж разбира дека жената е живот суштество со свои потреби, слабости и не совршености. Нему не му е проблем да ги споделува домашните обврски, да ја слуша и да ѝ биде поддршка. Тој нема да седи по цел ден на кауч и да чека таа да му носи и да го служи.
Силниот маж нема да го игнорира проблемот и да чекам сам од себе да се реши.
Со силниот маж ништо не е страшно, со него животот делува како мирна лулка. Тој е нежен за својата жена и силен за себе, секогаш одговорен и секогаш ќе се труди да ја заштити својата жена и нема да дозволи таа да страда заради него.