„На Точак“ реагираат: Никој со нас не се консултира за реконструкциите и безбедноста на пешаците и велосипедистите

На ден 22.09.2021 Град Скопје објави пост во кој вели дека на претставник од НаТочак му бил претставен проектот за проширувањето на улица Васко Карангелески и дека “oд претставникот на иницијативата е искажано разбирање за нужното проширување, а 4 дена подоцна на истата локација Град Скопје со поддршка на иницијативата #НаТочак го реализираше настанот ‘Улици за Луѓе’ кога улицата беше цел ден затворена за автомобили”, реагираат ентузијастите од неформалното здружение „На Точак“.

Според нив, иницијативата поттикната од НаТочак за организирање на повторувачки настан „Улици за луѓе“ на повеќе локации низ градот (на месечно ниво), беше по којзнае кој пат подадена рака од иницијативата кон Градот за промоција и популаризација на немоторизираниот сообраќај, мирен маалски живот и за воспоставување партнерски однос за унапредување на идните големи сообраќајни промени што ги очекуваме во Скопје.

Целосната реакција можете да ја прочитате во продолжение, на нивниот профил на Фејсбук.