На Точак: „Партизанска“ е градски булевар, не е градски автопат со предност на автомобилите

Од иницијативата „На Точак“ со реакција по најновиот случај на прегазени пешаци на пешачки премин на „Партизанска“

„Партизанска“ е градски булевар каде треба да коегзистираат безбедно сите типови сообраќај, не е градски автопат со предност на автомобилите, а другите исклучени, велат оттаму. 

Градот треба да биде дизајниран за смирено возење, порачаа од „На Точак“ и објавија препораки со кои сообраќајот ќе стане безбеден.

- Стеснете ги лентите на 3 метри.

- Направете ги пешачките премини сосем благо подигнати (не како на маалските улици, но доволно за да не се вози над 50 km/час).

- Поставете семафори онаму каде недостигаат.

- Ставете го во функција системот „Безбеден град“.

Од иницијативата „На Точак“ потсетуваат дека: пешачкиот премин не припаѓа на автомобилите, пешачкиот премин е продолжение на пешачкиот простор кој се вкрстува со коловозот, на пешачкиот премин кога нема семафор предност имаат пешаците... Автомобилските ленти не треба да обезбедуваат поголеми брзини од оние на знакот и да се надеваат дека возачот ќе го почитува знакот.

Автомобилските ленти треба да се дизајнираат за посакуваното однесување, не за непосакуваното.