На старите порти висат катанци: Само пет семејства денес живеат во ова скопско селото

Ова скопско село се наоѓа во областа Блатија на десниот брег на реката Пчиња. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асвалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума кој ќе ве одведе право во селото.

Тврдината Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од селото и датира од средниот век. Во 1847 година изградена е црквата „Вознесение Христово“, каде што во дворот е погребан македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски, во чија чест во дворот на црквата секоја година се одржуваат поетски читања.

Во крајот на 19 век Кожле е село во скопската каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил Канчов, во околу 1900 година во Кожле живеат 585 Македонци христијани.

На 6 септември 2016 година во околу 17:40 часот се случила авионска несреќа кај селото Кожле, каде загинуваат сите 6 патници и членови на екипажот.

Од овој крај, освен руда имало и многу кварц, фелдспат и каолин, минерали од кои тогаш се правел познатиот порцелан од Кожле. Овие драгоцени минерали за време на војната на големо ги експолатирале Германците. Порцеланот од Кожле бил познат до Цариград и многу баран. Кожланскиот порцелан веќе не се прави. Луѓето се иселиле од селото да бараат работа во градовите.

Селото последните педесетина години е празно. На старите порти висат катанци. Само пет семејства денес живеат во селото, пензионери кои се вратиле тука од Скопје. Најстарите пишани записи за селото кажуваат дека овој крај бил сточарски, гусларски и рударски.

Според кажувањата на 73-годишен жител кој заедно со сопругата по пензионирањето се вратиле на родното огниште, Кожле било село на четири попа и еден владика. 

Попови, Василевци, Бошковци, Марковци и Пселимовски се дел од семејствата кои некогаш го населувале Кожле.