Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел.
Србија успешно ја искористи својата улога како претседавач со ЦЕФТА, составена од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија и Црна Гора, и ако предлогот биде прифатен, тоа ќе претставува значителен успех за српското претседателство. Во моментов, зелениот картон за осигурување е задолжителен за влез на териториите на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.
„Нашата цел е во следните две години да ги елиминираме административните трошоци за зелениот картон во регионот, кои ги сносат сите наши граѓани при влез, на пример, во Македонија. Иако тие веќе имаат платено осигурување за нивните возила, сепак се принудени да платат дополнителна сума. Ова не е плаќање на осигурување, туку потврда дека осигурувањето постои“, нагласува Илиќ.
Илиќ објаснува дека, ако патувате на пример на Исланд преку Унгарија, никој нема да ви побара зелен картон, но ако сакате да одите на море во Грција, не можете да поминете низ Македонија без овој документ:
„Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено. Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА. Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила затоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така“, вели Илиќ.
Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.