На социјална мрежа се заканувал на жена и на полицаец - 52-годишник ќе одговара кривично

52-годишник доби кривична пријава поради упатени закани преку социјални мрежи.

Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Р.Б.(52), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, на 25.05.2026, пријавениот преку социјална мрежа упатил пораки со заканувачка содржина кон женско лице и кон полициски службеник.