На слика покажуваат едно, со клуч на рака добиваш друго: Стар или ново стан во Скопје?

Купувањето на стан е една голема, важна и скапа работа во животот на секој човек од која ќе ни зависи квалитетот на нашиот сопствен живот во иднината. За тоа при купувањето на стан  е многу важно да се проверат сите можни фактори кои би можеле да влијаат на удобноста на вашиот иден живот и животот на вашата фамилија.

-Картонски згради се градат, се уште невселени на некои места се поплавуваат, а што ќе биде за 10 години, и цените се превисоки. Секогаш вселувањето доцни една година најмалку, во овој случај инвеститорот треба да плаќа пенали на купувачот, но тоа кај нас не се почитува, вели Анита од Кисела Вода.

-Дефинитивно стара градба.Имам искуство и со новоградбите и старите.Живеевме една година во нова зграда.На лик преубава. Фасада нова, околу неа паркче. Тоа беа единствените предности а негативни страни еден куп. Мислам дека не ни постоеја вистински ѕидови, се беше гипс картон. Единствени ѕидови беа на тарасата и од надворешната страна а тие што ги делеа становите еден од друг не. Секој муабет на комшијата му го слушаш. Веќе 2 години како се преселивме и имаме стан во кулата во Автокоманда која е доста стара зграда али за живеење е каде каде подобра од таа новата, вели Ивона.

-Не треба да се стимулираат граѓаните за да купат неквалитетни станови од градежната мафија која ти продава само стан не дом, мислам дека државата треба да даде субвенции за изградба на куќи надвор од градот бидејќи е преполно, вели Владо од Центар.

-Апсолутно стара градба. Не само заради квалитетот на градбата, туку и заради сеизмичкото тестирање кое сите градби до 90-та година мораа да го направат. Од 90-та наваму се е мачка во вреќа. Ако имаш среќа ќе се погоди станот, вели Марко од Карпош.

-Градежните фирми нудат квалитет по договорот, а по една две години се приметува неквалитето во изградбата, вели Ленче од Мичурин.

-Пред три години се вселивме во нова зграда ка Расадникот, веднаш се појави мувла во купатилото од непрофесионлно изведената работа, вели Петар од Скопје.